Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години е поразена од Србија со 2:0.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари, загубија од домаќинот на меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“ што се одржува во Стара Пазова.

Српските кадети беа далеку подобар противник и сосема заслужено славеа победа со 2:0 со головите постигнаа голови Кличковиќ во 19-тата и Ѓорѓевиќ 84-тата минута.

Така македонската селекција во натпреварот за третото место ќе игра против репрезентацијата на Бугарија која беше поразен од Црна Гора со 2:1.