Младата македонска фудбалска репрезентација забележа победа над Малта со 1-0 во првиот пријателски натпревар одигран во Скопје.
На натпреварот одигран попладнево на теренот крај ФФМ, репрезентацијата на Македонија до 14-години, беше подобра од врсниците од Малта со 1:0.
Во текот на целиот натпревар нашите таленти ја контролираа играта, создаваа шанси, во два наврати ја погодија и стативата од противничкиот гол, за конечно во 78-та минута со голот на Ердин Мамути да го скршат отпорот на гостите од Малта.
Од прикажаната игра секако може да бидеме задоволни, но мора да се подобри и ефикасноста во нападот. Без разлика на минималната победа, оваа генерација на млади фудбалери, предводена од селекторот Драган Начевски, покажува дека во себе има голем талент и потенцијал.
Вториот натпревар овие две селекции ќе го одиграат во четврток од 14 часот.