Екипата на Мулти Есенс уште еднаш ја потврди својата доминација совладувајќи го тимот на РК Металург со резултат 30:25 и на три кола до крајот го дигнаа шампионскиот пехар пред своите фанови во салата „Автокоманда“ – Скопје.

Избраниците на Бранислав Ангеловски имаат скор од 15 победи на 15 одиграни плејоф-натпревари и недостижна предност пред ривалите.

Со оваа победа тие и официјално се пласираа во Суперлигата и од следната сезона ќе ги мерат силите со своите „браќа“ РК Алкалоид.