Голема радост и славје се очекува на југот на Италија, откако вечерва Ељиф Елмас и неговиот Наполи и официјално се шампиони се Италија по пауза од 33 години и ерата на Диего Армандо Марадона.
Феноменалната сезона на Наполи беше крунисана вечерва на гостувањето во Удине, откако одиграа нерешено 1:1 и го освоија потребниот бод за и математичка да ја обезбедат титулата.
Натпреварот почна лошо за играчите на Спалети кои беа во грч а веќе во 13.-та минута Удинезе имаше предност од 1:0 со голот на Санди Ловриќ.
Наполи полека влезе во натпреварот по што имавме прилика да гледаме отворен натпревар со добро темпо и неколку шанси и на двете страни до крајот на првото полувреме, а во неколку наврати реагираше и ВАР технологијата. Сепак домаќините ја задржаа минималната предност и со 1:0 заминаа на паузата.
Вториот дел почна во знакот на гостите а по само седум минути игра, најдобриот стрелец во лигата, Виктор Осимен се најде на вистинското место и изедначи на 1:1, за ерупција на делот со гостински навивачи и стадионот Диего Армандо Марадона во Неопол каде навивачите се собраа иако нивниот тим игра на гостински терен.
Добриот ритам и шанси продолжија и во продолжението, но мрежите останаа мирни, по што со конечните 1:1, Наполи го освои посакуваниот бод и славјето може да почне.
Сите 90 минути ги одиграа и Ељиф Елмас во тимот на Наполи и Илија Несторовски во дресот на Удинезе.
Лучано Спалети заедно со Ељиф Елмас и другите момци го направија она што се чекаше 33 години, го однесоа Наполи до шампионска титула.