Екипата Феникс се избори за мајсторка, односно решавачки трет натпревар, против битолски Пелистер, во четвртфиналната рунда од плеј-офот.
Ова откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ тимот на Феникс славеше со 83-81 и го израни резултатот на 1:1 во победи.
Целиот натпревар мира во израмнета игра, па ниту една од екипите не направи поголема предност од шест поени. Домаќините имаа повеќе нерви во самиот финиш и стигнаа до два предност, а во последниот напад гостите се обидоа со тројка да го сменат исходот, но тоа беше безуспешно.
Амар Хот со дабл-дабл учинок со 20 поени и 10 скокови беше прво име во победничката екипа, па 24-те поени „зачинети“ со 8 асистенции на Бобан Стаиќ, како и 20-те поени на кои придодаде 5 скокови Андреј Маслинко беа бадијала за гостинската екипа.
Решавачкиот трет натпревар ќе се игра претстојниот викенд во Битола.