Најдобриот македонски кошаркар последниве неколку години, Ненад Димитријевиќ е најзаслужен за пласманот на Уникс Каза во финалето на ВТБ лигата.
Популарниот Нено одигра уште еден брилијантен натпревар и тоа решавачкиот (мајсторката) во полуфиналната серија Зенит Сант Петербург.
Македонскиот репрезентативец со 24 поени, 6 асистенции и 2 скока, го предводеше Уникс до триумф со 80:79, за конечни 3:2 во победи и пласман во финалето.
Во него Уникс и Нено за шампионскиот трофеј ќе се борат со екипата на Локомотив Кубан која исто така по пет одиграни средби ја елиминира московска ЦСКА предводена од македонскиот тренер Емил Рајковиќ.