Десниот бек Кристијан Давитковски го продолжи договорот со тимот на Бутел Скопје за уште две сезони.

Давитковски веќе ја игра втората сезона во тимот на Бутел верува дека тоа е вистинската средина за него, и дека тимот има амбициозен план, па токму затоа решил да ја продолжи соработката.

„Одлучив да го продолжам договорот со Бутел Скопје.
Станува збор за амбициозен клуб, одлична средина за мене, овде сум веќе две сезони и знам дека можам уште повеќе да напредувам во кариерата“,
изјави Давитковски по потпишувањето на новиот договор.

Тимот на Бутел во моментов е на шестата позиција во плејоф конкуренцијата на Супер лигата, а во наредното коло го очекува тежок дуел на домашен терен со Алкалоид, од кој ги загуби последните две средби