Актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт продолжува во поход на одбрана на титулата со победа во мајсторката со Сакраменто со 120-100.
Решавачкиот седми натпревар од четвртфиналната серија во Западната конференција, почна како и секоја „мајсторка“ во НБА, многу внимателно на двете страни. Имајќи ја домашната публика екипата на Сакраменто ги доби првите две четвртини со по еден поен, па на полувреме се замина со резултат од 58-56 за домашниот тим.
Но, во второто полувреме на сцена стапи Стеф Кари. Тој го водеше „шоуто“ цел втор дел. Прво помагајќи им на своите „Вориорс” да ја преземат контрола и да дојдат до +10, а потоа и да го контролираат мечот.
На крајот од третата четвртина резултатот беше 81-91 во полза на „воините”, за на крајот на натпреварот да стигна и до 20 поени разлика или 120-100.
Стеф Кари со неверојатни 50 поени 8 скока и 6 асистенции покажа дека сите се сведоци на неговата големина, поставувајќи рекорд на постигнати поени, кога во прашање е решавачкиот седми натпревар.
Сакраменто одиграа храбра и добра серија, а во решавачкиот натпревар најдобри поединци им беа дуото Фокс и Сабонис со учиноци од 16 поени и 6 асистенции, односно 22 поени и 8 скокови.
Со оваа победа Голден Стејт „Вориорс” е последниот полуфиналист во Западната конференција во каде силите ќе ги одмерат со Лос Анџелес „Лејкерс” и ЛеБрон Џејмс.
Андреј Велјаноски