Уште една мајсторка ќе гледаме во руската ВТБ лига откако во шестиот меч, Зенит го победи Уникс Казан со 82-80 и израмни на 3-3 во победи.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитриевиќ одигра уште еден одличен меч и со 23 коша шест скока, четири асистенции и две украдени топки беше лидер во тимот од Казањ.
Мечот изобилуваше со многу пресврти, Нено имаше и шут за победа на Уникс, но на крајот домашниот тим стигна до минимална победа доволна за израмнување во серијата и мајсторка која ќе се игра во Казањ на 2-ри Мај.
Мајсторка ќе се игра и на мечот ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ и Локомотив Кубан, откако во шестиот меч тимот од Москва успеа да слави убедлива победа во Кубан со 98-75 и да израмни на 3-3 во победи. Седмиот меч на програмата е на 1-ви Мај во Москва.
Томислав Атанасовски