Во СРЦ „Кале“ екипата на ТФТ за противник ќе го има Еуро Никел во првиот мешусебен дуел од четврфиналето на плеј офот.

Во улога на благ фаворит во овој дуел влегува екипата од Тафталиџе кој ги добија двата натпревари во регуларниот дел од првенството. Но

„Релаксирани, без императив на резултат, влегуваме во плеј-офот, спремни да изненадиме, како и многу пати до сега. Имаме искусен противник во четвртфиналето. Сезонава одигравме два натпревари кои успеавме да ги добиеме, а беа комплетно различни еден од друг. Ако на првиот имавме одлични офанзивни перформанси и добра шутерска вечер, на вториот можеби го одигравме и најдобриот дефанзивен натпревар оваа сезона.
Сепак ова е плеј-оф и се почнува од ‘нула’. Со малку изменети ростери, меѓутоа противници кои добро се познаваат меѓу себе“, вели Боро Смилковски тренерот на ТФТ .

Натпреварот ТФТ Моцарт – Еуро Никел започнува во терминот од 18 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ