Откако за прв пат во историјата се одржа Светското фудбалско првенство во зимскиот период, а Катар беше повеќе од успешен организатор, оваа арапска земја ја доби и организацијата на кошаркарскиот Мундијал.
Имено, Катар, односно Доха ќе биде домаќин на Светското кошаркарско првенство во машка конкуренција штоп ќе се одржи во 2027-ма година, реши ФИБА.
Како што информираа од Светската кошаркарска федерација, Централниот одбор на ФИБА бил импресиониран од понудата на Катар, особено уникатната флексибилност што ја нуди Доха во однос на организацијата на турнирот за кој веќе се изградени и салите каде ќе се играат натпреварите, а така и во однос на пристапноста и понудата што Катар ја нуди на вљубениците во спортот, во случаов кошарката.