Oбојкарска репрезентација на Македонија има нов селектор. По пауза од петнаесет години на селекторското место се враќа Јошко Миленковски, најтрофејниот македонски тренер во историјата.

Миленковски е актуелен тренер на ПАОК, а на селекторското место доаѓа во вистинско време.

Македонија ја очекува важен период во кој ќе води репрезентацијата во Златната Европска лига, а потоа и на Европското првенство каде нашата држава ќе биде коорганизатор заедно со Италија, Бугарија и Израел.

Македонија на ЕП ќе се натпреварува во групата Ц, а за ривали ќе ги има светскиот одбојкарски џин Полска, поранешниот олимписки првак Холандија, како и Чешка, Данска и Црна Гора.

Миленковски ја водеше репрезентацијата на Македонија од 1997 до 2008 година, а како тренер ги предводеше екипите на на Борец и Работнички во домашното македонско првенство, потоа црногорска Будванска Ривиера, туниски Сфаксиен, турските Малије Мили Пијанго, Зират Банка Анкара, беше селектор и на Турција во 2017 година, како и на грчките Фионикас Сирос и ПАОК.