Екипата на Бостон испуштија шанса да ја затворат серијата бидејќи дома изгубија од Атланта со 117-119.
Тре Јанг тројка од 9 метри на 1,8.секунди пред крајот на натпреварот и донесе „брејк“ победа и шанса за „Хокс“ да ја продолќи серијата со Бостон.
Иако во поголемиот дел од натпреварот „Селтикс“ го контролираа резултат дури и влегоа во последната четвртина со 92-82, сепак Тре Јанг и Атланта не се откажаа и со пресврт се изборија за 6-ти натпревар во серијата.
Јанг имаше учинок од 38 поени и 13 асистенции, со помош на Богдан Богдановиќ кој имаше 18 поени со 3/6 за 3 поени.
Кај „Селтикс“ најефикасен беше Џејлен Браун со 35 поени, но не успеа да погоди за победа во последниот шут.
Андреј Велјаноски