Во финалето на младинската Лига на шампиони што се одигра во Женева, фудбалерите на АЗ Алкмар повеќе од заслужено, 5:0, ги совладаа своите врсници од сплитски Хајдук и се искачија на фудбалскиот трон на Европа во оваа конкуренција.

Апсолутна доминација на избраниците на Јенс Сјерксма во првото полувреме во финалето на ЛШ за млади, кои од големиот број на шанси успеаја да искористат само една и тоа од пенал во 45-та минута. Успешен реализатор на пеналот кој го направи Лука Вишковиќ беше Џејден Адаи.

Младите фудбалери на Хајдук можат да бидат среќни што на одмор отидоа со само еден гол негатива 0:1.
Во второто полувреме работите си дојдоа на свое место, во кое Ернест Поку и Мекс Мердинк беа немилосрдни по „сплиќаните“.

Во 70-та минута Ернест Поку зголеми на 2:0 за АЗ Алкмар. Истиот фудбалер зголеми на 3:0 во 76-та минута по брилијантната асистенција на Мекс Мердинк.

Во 79-тата минута веќе беше 4:0. Асистентот за претходниот гол на АЗ Алкмар, Мердинк се запиша и во листата на стрелците по прекрасната соло акција.

Мекс Мердинк со својот втор погодок вечерва (9-ти во Лигата на шампионите до 19 години) биеше за „петарда“ на Алкмар и крај на овој натпревар.

Марио Петровски