Ракометарите на Скопје извојуваа минимална победа со 27-26 над на Јуниор К.В. во натпревар од 11.коло на машката Супер лига во плеј-аутот.
Натпреварот стартуваше со 2-0 за Скопје но домаќините успеаја да стигнат. Гостите во првиот дел беа во поблаго водство, а Јуниор се обидуваа да израмнат, па така во 23-минута гостите поведоа со највисоки +6 разлика (13-7), за на полувреме да заминаа со + 4 (14-10) за гостинската екипа.
Домаќинот постојано се обидуваа да ја анулира негативата, па во 47-минута намали на 20-19. Но, гостите не дозволија никакво изненадување, па ја одржуваа разликата.
Во последните 10 минути имаше многу неизвесна игра и грешките го одлучија победникот. Па така Скопје успеа да оствари победа со 27-26.
Во редовите на Скопје најмногу се истакна Марио Мишевски шест гола ,додека кај домаќинот Филип Николов постигна исто толку.
Ивона Кимовска