Македонскиот шампион и рекордер во полумаратон и маратон Дарио Ивановски го освои шестото место на полумаратонската трка во рамки на Белградскиот маратон.
Ивановски е најдобриот натпреварувач од Европа, особено што на првите пет места се пласираа претставници од африканските држави. Македонскиот првак патеката од 21,1 километар ја истрча за 1:09.16 час.
Победникот на полумаратонската Бернард Вамбуа од Кенија постигна време 1:04.04 час, второто место му припадна на Мохамед Ел Газунаи од Мароко 1:04.17, а трет беше ланскиот победник Пол Тионгик од Кенија со време 1:04.28. Четвртото место му припадна на Кениецот Кимаијо – 1:04.35, а петото место му припадна на Нијонкури од Бурунди – 1:06.11.
Ивановски има две победи на полумаратонските трки во Белград 2017 и 2018 година.