Со победата на Ангели над Водно Санс 100-69 комплетирана е победничката низа на домашните екипи во првите четвртфинални дуели кд плеј-офот во Втората лига.
На средбата во Кисела Вода, Ангели победата ја најавија уште во првите три минути кога поведоа сл 12-2, а на првата пауза заминаа со +24 (32-8).
Во продолжението избраниците на Игор Гацов само титунирано го одржуваа и зголемуваа водството па на крајот славеа со убедливи 31 поен разлика.
Претходно, предноста на домаш на домашниот терен ја искористија и Соколи кои во Штип го победија Куманово со 74-71, а во нај најнеизвесниот натпревар Вардар со 75-74 славеше над МЗТ Скопје У.Б.
Вчера и Работнички беше подобар од Охрид со 74-68, па сите екипи кои беа домаќини во првите средби поведоа со 1-0 во победи.
Реванш натпреварите треба да се играат во среда, а пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите што ќе остварат две победи.