Вистински спектакл ни приредија Фиорентина и Лех Познањ на Артемијо Франки стадионот, каде видовме пет погодоци, за да на крајот Лех слави пирова победа од 2-3.
Домашниот тим влезе со голема предност од 4-1 од првиот натпревар и со една нога веќе беше во полуфиналето на конференциската лига, но гостите од Полска скапо ја продадоа кожата и беа на чекор од сензација.
Уште во деветтата минута Алфонзо Соуза донесе водство за гостите. Фиорентина по овој примен гол се консолидираше и имаше иницијатива при што пропушти и некои изгледни шанси за гол, особено преку Мандрагора и Лука Јовиќ. Казната за неискористените шанси стигна во 64-тата минута кога кога Терзиќ неправилно стартуваше а Лех доби пенал.
Криштофер Велде мирно го реализираше пеналот и зголеми на 0-2.Целосен шок за полниот стадион приреди Јеспер Карлстром кога во 69-тата минута зголеми на 0-3 и целосна ја анулираше негативата од првиот дел.
Атмосферата се вжешти а Фиорентина почна да напаѓа и конечно преку Рикардо Сотил во 78-та минута постигна гол со што се врати во предност.Гостите повторно мораа да се впуштат во целосна офанзива а истото оставаше место за контра напади на домаќините. По еден брз напад и одлична акција Гаетано Кастровили дојде во шеснаесетникот и со силен шут по земја го совлада противничкиот голман за да стави точка на натпреварот.
На крајот Лех славеше пирова победа од 2-3, а Фиорентина со вкупни 6-4 се пласираше во полуфинале.