Наполитанците очекуваат нивните миленици, фудбалерите на Наполи, да победат против лутиот ривал Милан и да се пласираат во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Минусот од еден гол од средбата одиграна на „Сан Сиро“ му дава надеж и на тренерот Лучијано Спалети дека со Виктор Осимена во тимот, неговиот тим ќе продолжи да пишува историја во Лигата на шампионите и за првпат да влезе меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.
„Останувањето во Лигата на шампионите е важно за нас. Сакаме да одиме напред, да победуваме. Ќе играме на победа, без премногу калкулации. Потоа ќе видиме каде ќе завршиме. Не сме задоволни да застанеме тука. сакаме повеќе и ќе ризикуваме да го правиме клубот среќен и секогаш“,
изјави Спалети.
Дефанзивниот дел на тимот ќе биде ослабен со отсуството на стоперот Ким и исклучениот Ангуиса, но нападот ќе го предводи најдобриот голгетер на тимот Виктор Осимен.
„Имаме тим кој ни овозможи да бидеме на врвот во Серија А оваа сезона и во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Наполи не зависи од еден играч, туку од целиот тим и ако успееме да го направиме најголемиот дел од работите како на првиот меч со малку среќа можеме да дојдеме до победа.
Пенали? Па спремни сме за сите опции, вежбавме и пенали. Тоа е составен дел од играта. Знаеме дека Милан игра модерен фудбал, дека ќе дојдат да гризат, наше е да бидеме подобри, да играме пресинг, брз фудбал затоа што тоа ни е во ДНК“,
дополни тренерот на Наполи.
Натпреварот на „Диего Марадона“ стадионот започнува во стандардниот термин од 21 часот.