На домашната спортска сцена денеска само натпревар во ракометниот шампионат во двете конкуренции.

Екипите на Тинекс Пролет и Алкалоид со средбата што ќе се игра во салата „Македонско сонце“  ќе го заокружат 10.коло во плеј-оф конкуренцијата од Супер лигата.

Кај дамите на програмата се два натпревари од 4-тата рунда, Металург го пречекува Пелистер, а Вардар гостува кај Овче Поле.

Во плеј-аут конкуренцијата, утре ќе се игра дербито меѓу водечкиот Голден Арт КЛ7 и трето пласираниот Куманово, односно дуелот на последно пласираните Радовиќ и Јуниор Кисела Вода.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈ-ОФ 4.КОЛО
15:30  ЖРК МЕТАЛУРГ – ЖРК ПЕЛИСТЕР
20:00  ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЖРК ВАРДАР

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ 10 КОЛО
19:00 ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-АУТ 10 КОЛО
СРЕДА
18:00 ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – КУМАНОВО
19:00 РАДОВИШ – ЈУНИОР К.В