Шпанецот, Алекс Ринс е победник на третата трка во Мото ГП шампионатот што се возеше вечерва во Остин за Големата награда на САД.

Возачот на ЛЦР Хонда ги искористи паѓањата на Пеко Бањаја и Џек Милнер, па со сигурно возење на крајот прв ја мина целната рамнина.

Место на пиедесталот обезбедија и Лука Марини односно екс шампионот Фабио Квартараро.

Италијанецот, Марко Безеки кој оваа трка ја заврши како шести сега ја зголеми предноста во однос на актуелниот шампион Бањаја на 11 бодови.

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 30 април во Херез за големата награда на Шпанија.