Младиот италијански тенисер, Лоренцо Музети приреди големо изненадување на Мастерсот во Монте Карло совладувајќи го светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, со 2-1 во сетови (4:6, 7:5, 6:4).

Првиот сет кој Ѓоковиќ го доби со 6:4, изобилуваше со изгубени гемови на свој сервис на двете страни (Музети изгуби 3, а Ноле 2). Клучно во овој сет, покрај повеќето освоени брејкови, беше и неговата далеку подобра игра на мрежа од противникот.

Од речиси добиен меч во вториот сет, во кој водеше со 4:2, Новак му дозволи на италијанскиот тенисер да ги искористи неговите грешки и да го израмни резултатот на 1-1 (7:5).

По 2 часа и 17 минути од натпреварот, дождот им беше пречка на Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети, по што мечот беше прекинат, а тоа не го „олади“ нервозниот Ѓоковиќ, напротив.

По прекинот заради дожд во Монте Карло, Музети го доби третиот сет со 6:4, со што дојде до најважниот триумф во неговата кариера кој воедно значеше и елиминација на Новак Ѓоковиќ.

Музети четвртфиналниот меч од Мастерс турнирот во Монте Карло ќе го одигра против својот сонародник, Јаник Синер.

Марио Петровски