На „Алијанц“ стадионот во Торино, се одигра првиот натпревар од четврт-финалето во Европа Лигата помеѓу Јувентус и Спортинг, на кој домаќините со минимални 1-0 се радуваа на победата.
Двата тима влегоа претпазливо во натпреварот па првиот дел речиси и да не донесе ништо интересно, а полувремето го одбележа повредата на чуварот на мрежата на Јувентус, Војчех Шчесни.
Јувентус тргна поофанзивно во вториот дел, а Алегри ги внесе во игра Влаховиќ и Фаџоли. Ваквите променија вродија со плод во 73-тата минута, кога по нафрлена топка, лоша реагираше гостинскиот голман, Влаховиќ шутираше со глава, Коатес исфрли од гол линијата но одбиена топка дојде во нозете на дефанзивецот Гати кој лесно ја затресе празната мрежа.
За Федерико Гати ова е прв гол во дресот на Јувентус.
Во самиот финиш на натпреварот, Спортинг имаше голема шанса, но чуварот на мрежата на Јувентус, Матија Перин со два фантастични одбрани ја сочува својата мрежа и предноста на својот тим.
Патникот во полуфиналето ќе се решава следниот четврток во Португалија.