Како реприза на минатогодишното финале од Конференциската лига, вечерва во Лига Европа во четврт-финален дуел играат Рома и Фејнорд.
Жозе Мурињо на својата прес конференција го најави дуелот во кој сугерира дека нема воопшто да помислува на финалето од минатата година, кое го доби тој со Рома.
„Неможам да мислам на минатогодишното финале. За вас и нив тоа е трајно дело, проблем е. За мене пак, тоа значи дека кога ќе отидам во Рим ќе го гледам трофејот од Конференциската лига и тука разговорот завршува.” изјави Мурињо
„Специјалниот” даде и коментар за мечот кој претстои, како и за противникот.
„Вечерва ќе ги испратам на терен оние играчи кои се нај подготвени. А, потоа дури тече играта ќе менуваме и ќе се прилагодуваме. „Фејнорд? Тие се најдобри во нивната лига и за некоја недела ќе се крунисани како шампиони. Ние не сме најдобри во лигата, не сме најдобри ниту во Лига Европа, дури и ако ја освоиме“,
заврши Мурињо.
На програмата го имаме мечот Рома – Фејнорд вечерва во 21 часот.
Андреј Вељаноски