По дуелите во Лигата на шампиони, вечерва продолжуваат фудбалските возбудувања со првите четвртфинални натпревари во Лига Европа.
Во првиот термин вечерва од 18:45 часот, Рома му гостува на Феенорд, во „реванш“од минатогодишниот дуел во финалето на Конференциската лига.
Преостанатите 3 натпревари ќе се одиграат во терминот од 21:00 часот, меѓу кои и дерби дуелот во четвртфиналето, Манчестер Јунајтед – Севиља.
Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ја пречекува најтрофејната екипа во Лига Европа, Севиља, која 6 пати го креваше пехарот во ова натпреварување.
Покрај фаворитската улога и добрите игри под водството на Ерик Тен Хаг, Манчестер Јунајтед го очекува неизвесен натпревар против искусната екипа на Севиља.
Трикратниот освојувач на ова натпреварување, Јувентус, е домаќин на незгодната екипа на Спортинг Лисабот, која го елиминираше Арсенал во осминафиналето во Лигата на Европа.
Последната четвртфинална двојка ја сочинуваат единствениот преостанат германски клуб во Лига Европа, Баер Леверкузен, и актуелниот белгиски вицешампион Унион СГ.
Марио Петровски