Феенорд на домашен терен ја совлада екипата на Рома со 1:0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа.

Првото полувреме помина во тактичка и претпазлива игра на двете екипи без големи шанси за постигнување гол се до 43-та минута, кога по нафрлување во шеснаесетникот, играчот од средниот ред на Феенорд, , Матс Вифер, играше со рака. Досудениот пенал го промаши Лоренцо Пелегрини со удар во левиот дирек од голот.

Второто полувреме го одбележа голот на виновникот за пеналот во првото полувреме, Матс Вифер, по прекрасно нафрлената топка од Идриси во 54-та минута.

Во продолжението Рома се обидуваше да дојде до изгледна прилика за гол што само им овозможи на играчите на Арне Слот контранапади и шанси за зголемување на водството. Конечниот резултат, остана ист како и на полувремето 1:0.

Рома за пласманот во полуфинале на Лига Европа ќе се обиде да ја надомести негативата од еден гол на својот „Олимпико“, следниот четврток.

Во лигашките натпревари оваа недела, екипата на Феенорд му гостува на Камбур, а избраниците на Жозе Мурињо на домашен терен го пречекуваат Удинезе.

Марио Петровски