Првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу италијанските екипи Милан и Наполи заврши со победа од 1:0 за домашниот тим – Милан. Воедно ова е втор триумф на екипата од Милано против лидерот на Серија А, Наполи во неколку дена откако претходно оствари победа и во италијанското првенство.
Единствениот гол на дуелот беше постигнат во 40.минута по една контра кога Исмаел Бенасер упати вистинска „бомба“ во поблискиот агол и го совлада Алекс Мерет.
Инаку, гостите од Неапол подобро го почнаа дуелот и за само три минути пропуштија две шанси за водство преку Квараскелија и Ангуиса.
Во вториот дел повторно Наполи беше поопасен, но и по нервозен на теренот, па така Ангусиа за пет минути доби два жолти картони и беше исклучен во 74.минута.
Македонскиот репрезентативец во дресот на Наполи, Ељиф Елмас го одигра целиот натпревар.
Реванш натпреварот се игра на 18.април – вторник во Неапол.