Екипата на Интер со победа на гостински терен кај Бенфика, ја „оправдува“ лошата форма во италијанската Серија А.
На првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите Интер славеше со 2-0.
Откако во првиот дел мрежите мируваа, гостите од Милано по само шест минути игра во второто полувреме (51) дојдоа до предност. По одличен центаршут на Бастони кој го реализира Николо Барела во 51 минута, Интер го преземаа првото водство на натпреварот.
„Нераѕурите“ беа подобар тим со повеќе шанси од домаќинот, па сето тоа се исплатеше за италијанскиот гигант кога им беше досуден пенал во 82 минута, кој успешно го реализиран од Лукаку.
Во самиот финиш, односно судиското дополнение домаќините имаа можност да ја намалат негативата, но голманот Онана го одбрани ударот на Рамос.
Следниот натпревар ќе игра на „Џезепе Меаца“ во Милано следната среда (19 април)