Фудбалерите на Партизан требаше да го играат натпреварот против Чукарица во рамките од 30.коло на српската Суперлигата, што е последно во регуларниот дел пред плеј-офот.
Велиме треба, бидејќи на „Баново брдо“ во текот на 20-те минути колку што официјално траеше натпреварот, не гледавме фудбал, туку инциденти на трибините, кои ги предизвика навивачите на црно-белите популарните „Гробари“.
При интервенцијата на полицијата, дојде до судир со навивачите, по што мечот е прекинат и презакажан за утре.