Одбојкарските возбудувања во домашното, македонско, првенство продолжуваат денеска со натпреварот во Велс.
Откако актуелниот шампион во машка конкуренција, Струмица Никоб го дови двата полуфинални дуели со Работнички, денеска својот реванш полуфинален меч ќе го играат одбојкарите на ГОК Борец и Шкендија.
Тетовци ја искористија предноста на домашниот терен во првиот меч што го добија со 3-1 во сетови, па сега на гостински терен ќе се обидат да стигнат до втората победа, а со тоа пласман во финалето.
Но велешани си имаат своја „математика“, па во составот на Борец се надеваат дека ќе го повторат мечот од полуфиналето на Купот во Радовиш, каде ја победија Шкендија, а потоа во финалето загубија од Струмица.
Дали вечерва ќе го добиеме вториот финалист или ќе следиме и мајсторка, ќе дознаеме по мечот чиј почеток е закажан за 19 часот.
Кај дамите утре својот втор полуфинален дуел го играат Фит фан волеј и Работнички меч во кој актуелните шампионки (Работнички) ќе влезат со победа од првиот дуел, додека Јанта волеј и Наковски волеј ги очекува мајсторка, особено интересна, по случувањата пред одигрувањето на вториот натпревар во Струмица.