Полската тенисерка Ига Швjонтек која минатата недела заокружи цела година на чело на ВТА листата, и оваа седмица останува на позицијата број 1.
Најдобрата тенисерка на светот на 4 април минатата година ја зазеде првата позиција на ВТА листата, откако тогашниот „рекет број еден“, Ешли Барти се пензионираше, па полската тенисерка „љубоморно“ не ја предава никому.
Зад неа се Арина Сабаленка со 6.891 поен, и Американката, Џесика Пегула по кои во ТОП 10 следуваат: Онс Џабер, Каролине Гарсија, Коко Гуф, Елена Рибакина, Дарија Касаткина, Марија Сакари и Петра Квитов.