Храбрата игра на Џирона против фаворизираната Барселона им донесе бод на „Камп Ноу“ со резултат 0:0.

Екипата на Чави, иако цело време имаше иницијатива, не успеа да најде клуч за добро организираната и борбена игра на избраниците на Мичел.

Одлично прво полувреме одигра Џирона, со цврста одбрана и напади кон голот на Тер Штеген, некарактеристично за натпревар против Каталонците.

Во 55-тата минута, Тати Кастељанос по фантастична топка од неговиот соиграч, излезе еден на еден со Тер Штеген, голманот на Барселона, но со лош и непрецизен удар ја упропасти големата прилика на својата екипа. Во судиското надополнување Барселона имаше две изгледни прилики преку Гави и Роберт Левандовски, но сепак мрежата на поранешниот голман на Тотенхем, Пауло Газанига, остана недопрена.

Со 13 бодови предност од второ пласираниот Реал Мадрид кој во саботата загуби од Виљареал, екипата на Барселона останува на првото место и е се поблиску до титулата во шпанската Примера.

Во следното коло Барселона гостува во Мадрид на Гетафе, додека Џирона го пречекува последнопласираниот Елче.

Марио Петровски