Добитникот на наградата „Пушкаш“, Марчин Олексеј, ја сподели неговата приказна која му го променила животот.
Марчин Олексеј е првиот фудбалер со ампутирана нога во историјата на фудбалот кој ја освоил наградата „Пушкаш“ што ја доделува Светската фудбалска федерација, за најатрактивен погодок за 2022-та година.
Полјакот се здоби со тешка повреда, пред 13 години, при поправка на дупка, каде што тој работел. Олексеј сега игра во една од ниските лиги за фудбал во неговата родна земја Полска.
„Работев на улиците во Полска и мојот шеф нѐ прати мене и моите колеги да поправиме дупка на улицата. Постар човек удри со возилото во нашиот валјак, и возилото и валјакот ми поминаа преку нозете. Изгубив свест додека бев во амбулантното возило и се разбудив кога стигнавме во болницата. Се сеќавам дека ми ставија маска, а јас погледнав надоле и си реков ‘ногата ја снема’. Кога повторно се разбудив по неколку часа, видов дека другата нога има само неколку штрафови“, вели Олексеј за телевизискиот канал Еуроспорт.
„Поминав еден месец во болница. И нема да кажам дека немало солзи, секако дека имаше. Мојата сопруга беше бремена и поради тоа знаев дека не можам да се откажам и решив да се борам“, дополни Олексеј.
Олексеј бранеше за Корона Кожучов во 4-та лига за фудбалери со ампутирана нога во Полска, додека пак победоносниот гол го постигна во Варта Познањ.
Со неговите „ножички“ заслужено ја доби престижната награда, каде што номиниран беше и голот на Ришарлисон за Бразил на светското првенство во Катар.
„Најважното од сѐ е да продолжиш да се бориш – Животот е прекрасен, Мислам дека кога имаш повреда како оваа, или било каква несовршеност, само треба да уживаш во овој свет“, вели Олексеј, фудбалерот со една нога, кој го доби познанието за најубав гол во светот.
Сторијата на Еуроспорт може да ја видите на ОВДЕ, а голот на Олексеј со кој заслужено ја доби награта во продолжени.
Сторија на Марио Петровски