Тимот на Далас останува во игра за разигрувањето за шампионската титула во НБА лигата. 

Во тежок натпревар пред своите симпатизери во кој најголемиот дел беа во негатива, кошаркарите на Далас славеа со 123-119 во дуелот со Сакраменто. 

Кајри Ирвинг забележа 31 поен и 8 асистенции, додека Лука Дончиќ средбата ја заврши со дабл-дабл постигнувајќи 29 поени на кои придодаде 10 скокови. Сега Далас со „скор“ 38-42 (победи-порази) е на 11,место на табелата во западната конкуренција со ист ефект како и Оклахома која е десетта (позиција што води во плеј-инот). До крајот на регуларниот дел двата тима имаат да одиграа уште по два натпревари. 

Супер неизвесен натпревар одиграат Њу Орлеанс и Мемфис. Гостите имаа и 19 поени предност во последниот период, но домаќините успеаја да направат пресврт и на 11.секунди да поведат со +6. Но драмата тука не заврши, па „Гризлите“ се изборија за продолжение. Благодарение на Херберт Џонс Џуниор кој постигна рекордни во кариерата 35 поени, домаќинот на крајот славеше победа со 138-131 со која обезбеди пласман во плеј-инот од Западната конференција. 

Дербито на Лос Анџелес го добија „Клиперси“ кои со 125-118 ги добија „Лејкерси“ и сега имаат победа повеќе во трка за 6.место што носи плеј-оф.

Леброн со 33 поени беше најефикасен на мечот, но недоволно „Езерџиите“ да избегнат пораз, бидејќи на спротивната страна имаше повеќемина расположени играчи, а најефикасни беа, Пауел со 27 и Ленард со 25 поени.

.