Откако вчера екипите на Крива Паланка и Струга ја отворија четвртфиналната рунда од плејофот во шампионатот на Македонија за кошаркарки, меч го кој гостинките забележаа победа, денеска нови три средби.

Програмата започнува во Македонска Каменица, каде екипата на Баскет Кам го пречекува составот на Пробаскет, меч во кој домаќинките ја имаат улогата на фаворитки.

Истиот примат го носат и кошаркарките на Бадел, кои се актуелни бранителки на шампионскиот трофеј, а кои за противник го имаат тимот на Гризли кој преку баражот со Шкупи се изборија за четвртфиналето.

Неизвесно се очекува да биде на средбата меѓу Вардар и МЗТ Скопје Аеродром кој е реприза на полуфиналето од Купот, што подоцна го освоија аеродромки.

ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ ПРВ НАТПРЕВАР
СРЕДА
(1) БАСКЕТ КАМ – (8) ПРОБАСКЕТ 17:00 часот
(4) ВАРДАР – (5) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 18:30 часот
(2) БАДЕЛ – (7) ГРИЗЛИ 20:00 часот 
ВТОРНИК
(3) КРИВА ПАЛАНКА – (6) СТРУГА 69-77 (0-1 во победи)

Четвртфиналната серија се игра во два добиени натпревари