Екипата на Македонија Ѓоче Петров е бранител на трофејот во Купот на Македонија освоен минатата година во дуелот против Силекс.
Сега „лавовите“ од Ѓорче за место во ново финале ќе треба да ја минат тетовска Шкендија и тоа на гостински терен.
Македонија ЃП ќе се обиде по пети пат да стигне до финалниот меч и да се израмнат со тетовци кои веќе имаат пет финални дуели, но последниот во 2018-та кога го освоија вториот трофеј.
Задачата нема да биде нималку лесна, тоа им е јасно на фудбалерите на Македонија ЃП, но веруваат дека можат повторно до финале.
„Нашата цел е да го одбраниме купот, Шкендија е фаворит во овој натпревар, но ние сме освојувачи и ќе одиме во Тетово тоа да го докажеме на терен и да играме пак во финале“, изјави Стефан Лазаревиќ.
Мотивот „лавовите“ го зголемуваат сеќавајки се на финалето од 2006-та година во кое ја победија токму тетовската екипа со 3-2 и за прв пат го освоија Купот на Македонија.