Екипата на Водно Санс го совлада лидерот на табелата Вардар во последниот натпревар од 21.коло во Втората кошаркарска лига.

По водството на домаќините од 10-07, гостите направија серија од 7-0 и поведоа со 10-14. До крајот на првиот квартал се играше кош за кош, а Вардар го доби периодот со 20-17. На половина од вториот период црвено-црните дојдоа и до +8 (22-30), а на големата пауза се замина со резултат 39-44 за Вардар.

Во третата четвртина Водно Санс тргна одлично постигна 31 поен, а противникот 17, па во последната четвртина влезе со предност од +10 (71-61). Вардар брзо на преполови негативата 77-70 (34.минута), но немаа сили за комплетен пресврт па Водно заслужено славеше триумф со конечни 91-76.

Со оваа победа и вкупно 11 колку што има Охрид, тимот на Водно Санс сега изби на 6.место на табелата со победа повеќе од МЗТ Скопје У.Б. и Шкупи кои сеуште се во игра за место во плејофот.

ВТОРА ЛИГА – ПРЕТПОСЛЕДНО 21.КОЛО
НЕДЕЛА
СОКОЛИ – ЦРН ДРИМ 117-82
ВОДНО САНС – ВАРДАР 91-76
САБОТА
ШКУПИ – ОХРИД 81-61
МКК КУМАНОВО – БОРЕЦ БАСКЕТ 90-60
ОДИГРАНО ПОРАНО
БАСКЕТ КАМ – АНГЕЛИ 56-84
МЗТ СКОПЈЕ У.Б – РАБОТНИЧКИ 74-79 (70-70)

 

ТАБЕЛА

БОД

ПОБ

ПОР

+/-

1

ВАРДАР

38

17

4

324

2

СОКОЛИ

37

16

5

182

3

РАБОТНИЧКИ

36

15

6

106

4

АНГЕЛИ

35

14

7

156

5

МКК КУМАНОВО

33

12

9

116

6

ВОДНО САНС

32

11

10

86

7

ГКК ОХРИД

32

11

10

-17

8

МЗТ СКОПЈЕ У.Б.

31

10

11

84

9

ШКУПИ

31

10

11

-18

10

БОРЕЦ БАСКЕТ

28

7

14

-232

11

БАСКЕТ КАМ

24

3

18

-250

12

ЦРН ДРИМ

21

0

21

-537

ПОСЛЕДНО 22 коло
ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
РАБОТНИЧКИ – СОКОЛИ
АНГЕЛИ – ВОДНО САНС
ОХРИД – БАСКЕТ КАМ
БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ
ЦРН ДРИМ – МКК КУМАНОВО