Во одбојкарското првенство на Македонија, во двете конкуренции, жени и мажи, викендов се играат натпреварите од последното коло во лигашкиот дел.
Ниту еден од натпреварите, нема да промени ништо, барем што се однесува до пласманот на екипите и четирите тима што ќе разигруваат во плејофот.
Теоретски единствената дилема треба да биде разрешена денеска. Имено, доколку не се случи големо изненадување и Фит фан волеј да го победи Јанта волеј состав кој важи за фаворит, а по вчерашната убедлива победа на Работнички Скопје во дуелот со Наковски волеј, станува јасно, кои екипи ќе ја имаат предноста на домашниот терен во разигрувањето.
Бранителот на шампионскиот трофеј, Работнички серијата подобар до две победи против Фит фан волеј ја започнува пред своите симпатизери, а тоа, според прогнозите, би требало составот на Јанта волеј кој во полуфиналето ќе игра против Наковски волеј.
И во машката конкуренција работите се јасни. Струмица и Шкендија ќе стартуваат на домашен терен, во дуелите со Работнички и ГОК Борец во полуфиналната серија што запенува во среда, а се игра во два добиени натпревари.
Прва лига (жени), Втора фаза-1, (последно 6.коло)
Вчера Работнички Скопје – Наковски волеј 3-0 (25-20, 25-17 и 25-20)
Сабота Фит фан волеј – Јанта волеј ( 20 часот)
Табела: Работнички Скопје 17-3, Наковски волеј 15-4, Јанта волеј 14-5, Фит фан волеј 7-12.
Полуфинале (во два добиени натпревари)
Јанта волеј – Наковски волеј
Работнички Скопје – Фит фан волеј
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (10.коло)
Работнички 71&22 – ГОК Борец (сабота, 19.00)
Шкендија – Лирија (сабота, 17.00)
Струмица Никоб – Весна Пробиштип (сабота, 17.00)
Табела: Струмица Никоб 18-1, Шкендија 16-3, ГОК Борец 14-5, Работнички 10-9, Лирија 8-11, Весна Пробиштип 6-13.
Полуфинале (во две добиени започнува)
Струмица Никоб – Работнички
Шкеднија – ГОК Борец