Актуелниот светки шампион, Макс Ферстапен по втор пат сезонава ќе ја има пол-позиција.
Викендов во Мелбурн се вози третата трка во Формула 1 шампионатот, за Големата награда на Австралија,
Утринава во квалификациите, во кои најбрз беше Холанѓанецот, Верстапен на Ред Бул.
Веднаш зад него ќе бидат двата болиди на Мерцедес. Како втор трката ќе ја започне Џорџ Расел, а од третата ќе стартува Луис Хамилтон, пред Фернандо Алонсо на Астон Мартин.
Победникот од претходната трка, Серхио Перез имаше лоши квалификации. Мексиканецот излета од патеката и не впиша резултат, па утре ќе стартува од последното 20-то место.
Стартот на трката за Големата награда на Австралија е закажан за во 7 часот.