Данил Медведев е првиот финалист на Мастерс турнир што се игра во Мајами.
Во руското полуфинале, Медведев кој е 5-то рангиран на АТП листата по голема борба и 2 часа и 20 минути игра го совлада сонародникот Карен Хачанов со 2:1 во сетови
Во првиот сет се играа максимални 13 гема, а го доби Медведев во тај-брејкот со 7-5 на поени. Во вториот уште на стартот Хачанов направи брејк кој се покажа како решавачки, за да го добие сетот со 6-1.
Речиси исто се случи и во последниот решавачки трет сет, но овојпат брејк направи Медведев па и тоа со 6-3 го доби сетот, а со тоа и мечот со 2:1.
Сега Медведев ќе го чека исходот меѓу светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз и Италијанецот, Јаник Синер, што ќе се игра ноќеска во 1 часот по полноќ.