Веќе ништо не нѐ зачудува кога во прашање на нашиот источен сосед (не оној од најновите книги), туку оној реалниот, Бугарија.
Имено на развојниот турнир „Заедно до 16“ што се игра во Софија, а на кој настапуваат најмладите македонските репрезентации до 14 години, односно играчи родени 2009-та и помлади, на официјалниот Јутуб видео стриминг, емитуван на официјалниот канал на Бугарската кошаркарска федерација, на три од четирите досегашни одиграни натпревари, нашите репрезентации беа потпишани само како „СЕВЕР“ (натпревар 1, натпревар 2, натпревар 3 и натпревар 4).
И не може да постои било какво оправдување, имајќи во предвид дека на само еден од нив бевме пишани како Македонија.
Грешки се прават, но случајности не постојат, бидејќи, на првиот денешен меч што го играа девојчињата бевме Македонија, за веднаш потоа, кога играа момчињата, пак да бидеме „Север“.
Ќе има ли реакција од нашите претставници кои се таму, или уште подобро од Македонската кошаркарска федерација останува да видиме во текот на утрешниот ден.
Што се однесува до резултатите. Двете селекции денеска забележаа победи, во дуелите со косовски врсници. Девојчињата победија со неверојатни 95-19, додека момчињата славеа со 80-58.
Инаку ова беа вторите натпревари за нашите селекции кои вчера во првите дуели беа надиграни од бугарските врсници. Девојчињата вчера загубија со 56-34, а момчињата со дури 50 разлика (95-45).
Утре напите селекции ќе играат против турските, додека во сабота на програмата се дуелите со Романците.