Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години доживеа и третиот убедлив пораз.
Во квалификациите за ЕП што ќе се одржи во Естонија летово, нашите млади, попладнево се поразени од Унгарија со 7-0 последниот, трет, натпревар од втората рунда група А групата, што се игра во Португалија.
Целата работа младите Унгарките завршија уште во првото полувреме во кое постигнаа три гола, за во вториот дел додадат уште четири и со конечни 7-0 да го добијат натпреварот.
Така нашите млади фудбалерки со три убедливи порази во исто токму натпревари, на кои примија 27 гола, (Германија 13-0, Португалија 7-0 и Унгарија 7-0), а не постигнаа ниту еден, го завршија својот настап на овој квалификационен турнир.