Перо Антиќ останува на чело на мак-баскетот.
На денешното редовно годишно Собрание на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), кои имаше и изборен карактер, поранешниот македонски репрезентативец, доби нов мандат.
Како единствен кандидат за претседателската функција, на која впрочем и беше досега, делегатите (претставниците на клубовите, тренерите, судиите, статистичарите и останатите членови со право на глас), речиси со акламација, повторно му ја доверија претседателската функција на Антиќ.
Тој доби 40 гласа за, а само 1 беше против.