Кошаркарите на европскиот првак Анадолу Ефес со победата 89:69 вечерва над Милано ги задржаа шансите за пласман во ТОП 8 во Евролигата и со тоа да ја бранат титулата освоена минатата година. Тие натпреварот од 31.коло против италијанската екипа го добија пред се благодарение на добрата одбрана во првите три четвртини кога противникот го запреа на 16 поени по период.
Резултат по четвртини: 22:16; 25:16; 21:16; 21:21.
Натпреварот беше резултатски неизвесен само во првите пет минути бидејќи Ефес по 10 минути водеше со 22:16, а на полувреме имаше + 15 (47:32). Во третиот период домашниот тим водеше и со 23 разлика 66:43, која беше и највисока и ја имаше уште трипати во дуелот. Тимоти Луваву од Милано беше најефикасен со 19 понеи, додека кај победникот најмногу постигна Шејн Ларкин 18.
Анадолу Ефес со скор 15-16 (победи – порази) се наоѓа на 10.место на табелата, а и ги напаѓа екипите на Басконија и Жалгирис кои имаат биланс 15-15 и се наоѓаат на 8-то и 9-то место. Милано со денешниот пораз ги загуби шансите за ТОП 8.