Две домашни и една гостинска победа во денешните натпревари со кои беше комплетирано 20-тото коло во Втората машка кошаркарска лига.

Единствениот триумф на гостите очекувано им го донесе тимот на МЗТ Скопје У.Б. кој на фенерџијата Црн Дрим му го нанесе 20-тиот пораз.

Очекувано, и претпоследниот Баскет Бам загуби во Скопје од Водно Санс, додека најнеизвесно беше на натпреварот во Охрид каде домаќините славеа минимална победа над Куманово кој во финишот промаши шут за победа.

На две кола до крајот јасно е дека и велешки Борец баскет нема веќе шанси за плејофот, за кој голема битка ќе водат МЗТ Скопје У.Б. Водно Санс и Шкупи кој има победа помалку од конкурентите.

КОШАРКА ВТОРА ЛИГА 20.КОЛО
НЕДЕЛА
ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 66-79
ГКК ОХРИД – МКК КУМАНОВО 76-74
ВОДНО САНС – БАСКЕТ КАМ 95-72
САБОТА
АНГЕЛИ – ШКУПИ 91-65
БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ 64-82
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 90-84