Eкипата на Работнички Скопје втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија.

Одбојкарките на Работнички по четири сета беа подобри од Наковски Волеј од Струмица и со 3-1 дојде до куп титулата.

Највозбудлив и можеби пресуден беше третиот сет кој по голема драма му припадна на Работнички со 30:28, а тимот на Наковски не искористи дури 4 сет топки.

Во четвртиот сет Работнички беше доминантен па со 25:16 се радуваше на победата

Ова е 15-та титула во низа за Работнички во ова натпреварување, а вкупно трета во историјата на клубот.