Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром утре го игра сигурно решавачкиот натпревар во АБА лигата, за опстанот во оваа конкуренција и следната сезона.
Аеродромци гостуваат во Чачак кај Борац тим кој е директен конкурент на МЗТ за опстанок во лигата, и кој има само една победа повеќе од сино-белите.
Затоа со право и тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ овој дуел ќе го окаректизира „ХАмлетовски“
„Нѐ очекува меч кој е да се биде или не за двете екипи, бидејќи кој и да загуби ќе остане со минимални шанси за опстанок во АБА лигата. Ова значи дека кошаркарите и на МЗТ Скопје и на Борац во натпреварот ќе влезат максимално мотивирани да дадат сѐ од себе. Знаеме Што треба да направиме за да дојдеме до посакуваната цел. Мора да одиграме подобро и со поголема енергија од дуелот со Игокеа и ако го сториме тоа, тогаш ќе може да се надеваме на успех во Чачак“,
вели тренерот Николиќ.
Натпреварот од 23.коло меѓу Борац и МЗТ Скопје Аеродром кој на програмата е утре ќе започне во терминот од 19 часот.