Дерби натпреварот од 21-то коло во Втората македонска фудбалска лига, одигран попладнево во Охрид, го доби екипата на Воска спорт која го совлада битолски Пелистер со 2-0

До оваа значајна победа и трите важни бодови охридската екипа стигна со двата гола на капитенот Изаир Емини, првиот на прекрасен начин во 10-тата минута по одлично изведениот слободен удар, а вториот по грешката на гостинската одбрана во 77-та минута.

Со новите три бодови и вкупно 50 Воска спорт е втора на табелата, со два бода помалку зад лидерот Вардар, додека еден повеќе од трето пласираниот Гостивар.

Пелистер пак остана на четвртата позиција со 43 бодови.