Поразот со еден поен разлика од Оклахома на домашен терен 100-101, можеби најмалку ги загрижува Клиперси во моментов, колку што е тоа тежината на повредата на еднен од нивните најдобри играчи Пол Џорџ.

Искусниот ветеран, се здоби со очигледно потешка повреда на коленото на неполни пет минути пред крајот на мечот.

Џорџ кој до тој момент со 18 поени беше најефикасниот играч на домашниот тим, при еден скок се судри со противничкиот играл Дорт, па при доскокот, неговото десното колено се свитка навнатре. Џорџ во видлива болка остана неколку минути на подот, по што помош на останатите мораше да го напушти теренот.

Тренерот на Клиперс, Тајрон Лу, по натпреварот не можеше да даде детална информација за тежината на повредата, но претпоставките се дека станува збор за вкрстените лигаменти, најтешката можна повреда кај спортистите, што подразбира и долг период на отсуство, но тоа ќе мора дополнително да се провери, дополни Лу.