Македонската фудбалска репрезентација од вчера е на собир во Скопје, каде ги одработува мини подготовките за стартот на новиот циклус квалификации, овие за Европското првенство 2024 година, и дуелот со Малта.
Поголемиот дел од репрезентативците веќе му се ставија на располагање на селекторот Благоја Милевски, освен оние што вчера имаа обврски со своите клубови (капитенот Ристовски и Адеми со Динамо и Ељиф Елмас со Наполи)
Иако сеуште не комплетирана видлива е позитивната атмосфера што владее во нашиот табор, како и желбата со победа да се започне овој циклус.
Македонија ја има улогата на фаворит, но тоа ќе треба да го докаже на теренот на националната арена Тодор Проевски, каде во четврток ќе се игра мечот со Малта.